Силен индиректен удар за идејата за уставни промени за членство во ЕУ која ја туркаат Ковачевски, Пендаровски, Османи, Маричиќ и други луѓе од власта од страна на францускиот претседател Емануел Макрон.
Макрон денеска најави можност унијата веќе да не прима полноправни членки (како Македонија и земјите од западниот Балкан) сугерирајќи дека ЕУ треба да размисли за „Европа со повеќе брзини“ за да се справи со проширувањето, јавува меѓународниот сајт Политико кој важи за медиум кој има одлични извори во Брисел и е релевантен за европските процеси.
Францускиот претседател сугерира дека блокот треба да биде храбар за да најде начини за интегрирање на земјите кандидати, меѓу кои се Молдавија и Украина но тоа да не биде на досегашниот начин со полноправно членство.
Макрон вели дека ЕУ треба да се реформира ако сака да интегрира нови нации.
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска рече дека ЕУ „можеби“ треба да еволуира кон унија со „повеќе брзини“ додека размислува за интегрирање на Украина, Молдавија и земјите од Западен Балкан.
Според Макрон ЕУ треба да се реформира ако сака да интегрира нови нации и мора да изгради консензус со повеќе од 30 земји-членки.
„Ризикот е да мислиме дека можеме да се прошириме без реформи. Можам да посведочам дека на Европа и е доволно тешко да напредува на чувствителни теми со 27 членки. Со 32 или 35 членови, нема да биде полесно“, изјавил тој на годишниот собир на француските амбасадори во Париз.
„Ќе ни треба смелост, да прифатиме поголема интеграција во некои области, а можеби дури и Европа со повеќе брзини“, изјавил Макрон.
Францускиот претседател не елаборирал како ќе функционира оваа Европа со повеќе брзини, но додал дека е неопходна ревизија на процедурите на ЕУ за блокот да ја продлабочи и задржи „својата привлечност“.
Според неколку француски функционери, владата на Макрон работи на неколку предлози за Европа со повеќе брзини, кои би вклучиле создавање неформални групи на земји-членки кои би работеле на одредени области на политиката, објавува Политико.
Макрон во 2018 година пред усвојување на уставните измени согласно Преспанскиот договор упати видео порака со која побара да помине референдумот за Македонија да почне преговори со ЕУ.
Идната година Франција стави вето на македонските преговори со ЕУ воведувајќи нова методологија.
Макрон, исто така, навести дека ќе ги објасни своите размислувања за проширувањето и реформите на ЕУ во месеците што доаѓаат и пред изборите за ЕУ следната година.
Покрај Западен Балкан и Украина и Молдавија добија статус на кандидат за ЕУ во јуни, а неколку земји членки бараат ЕУ да ги отвори преговорите со овие две земји до декември.
Вториот удар за Македонија денеска дојде од првиот човек на ЕУ.
Две лоши вести за македонските евроинтеграции во 1 ден, како по ова уставни измени без гаранции за прием
Разбраа ли Ковачевски, Османи и Маричиќ каква црна порака за ЕУ им пренесе Мишел на Блед?
Поврзана вест
Мрачните и збунети лица на македонските претставници само го дополнуваат црнилото
Седум траорни заклучоци за Македонија во ЕУ по денешните изјави на Макрон и Мишел





