Унгарскиот шеф на дипломатијата Петер Сијарто кој денеска донесе унгарска медицинска помош за справување со коронавирусот предупреди дека опасноста од мигрантска во услови на пандемија не е исклучена.
„Со оваа донација сакаме да помогнеме во борбата со оваа светска криза. Ние водиме одговорна политика кон соседите и на сите им дадовме помош.
Ако овие земји ослабат во било кој поглед тогаш и нивните капацитите за одбрана се намалуваат. Доколку во таква ситуација се соочат со една мигрантска криза нема да можат да го запрат тој притисок. А ние имаме интерес со тој притисок да се справуваат што подалеку од нас. Затоа успеавме да ја донесеме оваа помош.
Ние имаме одлична соработка со Кина од каде постојано пристигнува медицинска опрема“, рече Сијарто на денешната прес конференција со МНР Никола Димитров.





