Сијарто: Дојдов по телефонскиот повик од Мицкоски!

„Причината што сум тука денес е телефонскиот повик кој го добив од Христијан Мицкоски минатата недела. Повик во кој тој потенцираше дека постои потреба од хуманитарна помош од Унгарија со цел заштита и спречување на ширењето на пандемијата која ни се случува“ изјави денеска на прес конференција шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто.



„Поради тоа ние одлучивме да помогнеме на пријателскиот народ во Македонија, поради тоа јас денес донесов 100 илјади маски и 5 илјади заштитни одела да ви помогнам во мерките за заштита. Тоа можеме да си го дозволиме затоа што воздушниот мост помеѓу Унгарија и Народна Република Кина функционира добро и имаме и целосна линија за производство овозможена од Кинезите и сега можеме да започнеме да продуцираме маски самите.

Откако ја предадов донацијата на министерот за внатрешни работи, разбрав дека ова ќе им помогне на вашите полициски службеници со тоа што тие ќе бидат побезбедни.

Ова е многу важно за нас бидејќи вашите полициски службеници ја штитат вашата Јужна Граница со цел да се справат со проблемот од мигрантската криза, вели Сијарто.

Тој вели дека уживаме многу добра соработка на ова поле со оглед на тоа што 1.383 унгарски полициски службеници се дел од  заштитата на јужната граница заедно со вашата полиција.

„На средбата со вашиот министер за внатрешни работи се договоривме да продолжиме со соработката и да испратиме 30 полициски службеници на јужната граница. И врз основа на вашето денешно барање ќе продолжиме да помагаме со цел преговорите со Европската Унија да започнат што е можно побрзо. Ние Унгарците сме среќни што имаме придонес во успехот во вашите преговори со Европската Унија и што сега имаме унгарски комесар за проширување и можам да кажам конечно комесар на кој што целта навистина му е проширување на Унијата.

За крај сакам да кажам дека сум ти многу благодарен Христијан на тебе и на нашата сестринска партија за тоа што побаравте помош од нас и можам да Ве уверам дека нашата поддршка за вас ќе продолжи и во иднина“, рече Сијарто.