Петер Сијарто и македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров, вчера имале телефонски разговор, потврдија денеска од Министерството за надворешни работи и трговија на Унгарија, пренесе унгарската новинска агенција МТИ.
За време на разговорот, Сијарто соопштил дека барањето за азил поднесено од поранешниот македонски премиер Никола Груевски е правно прашање, а не политичко. И дека унгарскиот орган кој има овластување да одлучува за барањето за азил, постапува во целосна согласност со соодветните меѓународни закони.
„Македонија може да продолжи да смета на цврстата поддршка на Унгарија за време на европските и трансатлантските интегративни процеси“, се вели во соопштението од унгарското министерството.





