Здравствените власти во сицилијанската регионална влада фалсификувале епидемиолошки податоци најмалку 40 пати за да избегнат регионот да се класифицира како „високо ризичен“.
Според агенцијата Анса, следуваа апсења на одговорните за измама.
Полицијата утврди дека од ноември минатата година до 19 февруари годинава, лажните податоци за заразените со коронавирус на Сицилија биле испратени до Вишиот институт за здравство, државна институција која предлага антикризни мерки засновани на неделни податоци од регионот.







