Си заминува водечка германска компанија

По 16 години од Македонија и од целиот регион си заминува водечката германска компанија ГФК која од оваа година во таканаречениот сегмент „Ад Хок Истражувања“ останува само во Словенија а ги напушта сите други земји од Западниот Балкан.



ГФК која што е основана во 1934 година како Здружение на истражување на потрошувачката (Gesellschaft für Konsumforschung) е најголемиот германски институт за истражување и четврта најмоќна истражувачка организација во светот по Нилсен, Кантар групата и Ипсос.

Според новата стратегија на ГФК во иднина компанијата целосно ќе се фокусира на технолошките компании и ќе се концентрира на пазари со подобра перспектива на раст во оваа област.

Прекинот на работата во Адриатик регионот ќе се врши во текот на 2018 година а нарачките за истражувања компаниите прекинала да ги прима на крајот на февруари. Сите предходно преземени проекти и истражувања ќе бидат завршени според договорите, објави Медиамаркетинг.ком