Си најде ли Борисов нов „брат“, не го побарал Заев

Бугарскиот премиер Бојко Борисов објави дека имал телефонски разговор со албанскиот премиер Еди Рама кому му пренесол дека многу се борел за влез на Западниот Балкан во ЕУ.



Во разговорот, според твитот на Борисов, не се споменува ветото за Македонија ниту Заев.

До пред неколку дена македонскиот премиер го нарекуваше “Брат” својот бугарски колега кој сега не му се јавува да му даде ниту утеха како што му дал поддршка на Рама.

“Бугарија силно ја поддржува Албанија на нејзиниот пат кон ЕУ. Земјата покажа одговорност и желба да напредува. Во телефонски разговор со Еди Рама, посочив дека Бугарија е меѓу најголемите поборници за проширување на ЕУ на Западен Балкан”, му порачал Борисов на својот потенцијален нов најблизок партнер на Балканот по ветото за Заев.