Се подбива ли Рускоска и јавното обвинителстцо со судот со нарачката з вештачење на предмет од луѓе кои не се вештаци а некои од нив работеле на пиратски софтвер.
Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција претставувано од неговата шефица Вилма Рускоска повторно се посрамоти во случајот за т.н. организирање на настаните на 27-ми април.
На денешното рочиште на барање на одбраната беа повикани т.н. „вешти лица“ (вештаци, н.з.) бидејќи одбраната се сомневаше во нивната компетенција да извршат вештачење кое Рускоска го нуди како доказ во овој случај.
Тие сомнежи ги потврди веќе првиот од тројцата „вештаци“ кој потврди дека не е вештак, бидејќи нема лиценца за вештачење и дека не е впишан во регистерот на вешти лица на Министерството за правда, што е законски задолжително доколку се сака неговиот извештај да ја има тежината на вештачење, односно да биде третиран како доказ во постапката.
Понатаму на судењето се утврди дека сите 4 повикани вештаци немаат регучуран статус на вешто лица.
Бидејќи лицата немааат лиценца за вештачење, она што го изготвило како информација по „отворањето“ на телефонот на еден од обвинетите во случајот, за судот треба да биде на рангот на извештај изготвен од било кој човек во државата кој нема лиценца за вештак: човек со средно образование, земјоделец, апотекар, месар или бербер.
Поради тоа судот не смее да ги земе вештачењата вп предвид како доказен материјал, бидејќи за да биде доказ, треба да го изработи вештак.
Дополнителна „сол на раната“ на обвинението, кое само по себе е оспорувано бидејќи е темелено на четирите различни верзии за настаните на 27-ми април кажани од осудениот сведок-соработник Александар Василевски-Нинџа, е што еден од сведоците призна дека квази-вештачењето го работел на пиратски софтвер, односно дека немал лиценца за еден од двата компјутерски програми кои ги користел за „лажното вештачење“.
Ваквите сериозни и груби прекршувања на постапката ја поставуваат дилемата во јавноста дали е ова нов јалов обид на Рускоска да измисли „докази“ кои тоа не се и се во спротивност на законот за кривична постапка, или обвинителката се подбива со Судот нудејќи му како „доказ“ вакви лажни вештачења изработени од лица без лиценца на пиратски софтвер.





