Си го убил синот со самурајски меч поради слаби оценки

Кинез си го убил синот со самурајски меч поради лоши оценки на училиште, пренесува South China Morning Post.



Инцидентот се случил во кинескиот град Миенјанг, во провинцијата Сечуан, Кина.

Самохраниот татко живеел сам со својот 13-годишен син.

На родителски состанок, наставниците му кажале за слабиот успех на момчето – нешто што се коси со амбициите на таткото. Ученикот добил само 18 поени од 100 на физички.

По средбата, мажот му замерил на синот дека е мрзлив и не учи.

„Секогаш ме обвинуваш дека не сум доволно трудољубив. Веќе доволно учев“, одговорило детето.

Овие зборови го разбесниле таткото и тој замавнал кон својот син со самурајски меч, нанесувајки му рана долга 10 сантиметри.

Таткото веднаш повикал брза помош, а неговиот син бил пренесен во болница. Сепак, и покрај напорите на лекарите, момчето починало од загуба на крв.

Во обдукцијата било констатирано дека на телото на детето има и други, постари повреди, што укажувало на повеќекратно тепање.

Таткото и објаснил на полицијата дека „само сакал да го исплаши“ својот син. Тој изјавил дека оружјето го купил од онлајн продавница бидејќи собира самурајски мечеви.

Тој е осуден на 12 години затвор.