Познато е зошто татко ноќва во Загреб си ги убил трите деца, 7,годишни девојче и момче близнаци и синче на 4 годична возраст.



Ивесниот Харалд К., австриски државјанин кој живее и работи во Загреб, злоделото и својата смрт ги најави на социјалните мрежи:

„Збогум на сите. Ве напуштам бидејќи не можам повеќе да издржам. Љубовта на мојот живот, Мери ме напушти затоа што мојата поранешна сопруга Дајана беше многу лоша кон неа и затоа што немам повеќе пари. Сè што се обидував да направам во последната година и пол не функционираше, па дури и моите браќа од масонската ложа не сакаа да ми помогнат и на крајот не ми одговорија ниту на телефонските повици. Само мојот најдобар пријател Роланд и Манфред и братот Хелмут ми помогнаа колку што можеа. Но, сега, сега сум на крајот. Значи, збогум“, напиша Харалд на Фејсбук.

Чедоубиецот бил пронајден во станот каде ги убил своите три деца, каде се обидел да се самоубие со отров или со апчиња.