Претседателот на САД во заминување Доналд Трамп ги разгледувал за можностите за самопомилување со неговите сојузници и адвокати, вклучувајќи го и советникот во Белата куќа,Пит Чиполоне, пренесува Си-Ен-Ен повикувајќи се на неколку извори.
Трамп, наводно, се распрашувал за правните и политичките последици од тоа како претседател да се помилува самиот себе, тврди извор близок на американскиот претседател во заминување.
Според Си-ен-ен Трамп зборувал за можноста за себе-помилување со своите соработници од 2017 година и дека е опседнат со оваа идеја.
Во 2018 година тој исто така објави на Твитер дека верува дека има овластување да стори нешто такво и дека му потврдиле бројни советници, но дека нема причина да го стори тоа, бидејќи не сторил ништо лошо.
Трам најави дека нема да присуствува на инаугурацијата на идниот претедател на САД, Џо Бајден, на 29 јануари






