Двајца високи американски функционери изјавиле дека Русија почнува да повлекува некои сили од главниот град на Украина, јави Си-Ен-Ен.
Според нив Соединетите држави го гледаат тоа како голема промена во стратегијата. Се наведува и дека тактичките групи на рускиот баталјон веќе се на потег.
Официјални лица ова го оценуваато како долгорочен потег бидејќи Русија го прифатила нејзиниот неуспех да напредува на северот на земјата.
Руското Министерство за одбрана попладнето соопшти дека донело одлука за „радикално намалување на воените активности во близина на Киев и Чернихив“ по денешните разговори.
Американскиот државен секретар Антони Блинкен претходно изјави дека Соединетите Држави остануваат скептични за намерите на Русија и рече дека се уште не видел вистинската сериозност“.






