Најновата анкета на Си-Ен-Ен покажува дека поголемиот дел од Американците се противат на Конгресот да одобри дополнително финансирање на Украина во нејзината војна со Русија.



Според анкетата, 55 отсто од Американците сметаат дека Конгресот не треба да одобри дополнителни средства за поддршка на Украина, додека 45 отсто сметаат дека треба.

Повеќе од половина од Американците, 51 отсто, велат дека САД веќе направиле доволно за да и помогнат на Украина, додека 48 отсто сметаат дека треба да се направи повеќе.

За разлика од истражувањето спроведено во првите денови од руската инвазија кон крајот на февруари 2022 година, кога 62 отсто од испитаниците сметаа дека САД треба да направат повеќе – сега мислењата и ставовите на двете моѓни партии се поинакви.

Републиканците главно велат дека Конгресот не треба да одобри ново финансирање (71 отсто) и дека САД направиле доволно за да и помогнат на Украина (59 отсто).

Меѓу демократите, мнозинството го вели спротивното: 62 отсто се за дополнително финансирање, а 61 отсто велат дека САД треба да направат повеќе. Истражувањето на Си-Ен-Ен го спроведе ССРС од 1 до 31 јули меѓу 1.279 возрасни лица.