Украина стана полигон за тестирање на оружјето на САД и нивните сојузници, објави – повикувајќи се на податоци и мислења на анонимни американски разузнавачи и на Пентагон – Си-Ен-Ен.
САД внимателно го проучуваат конфликтот за лекции што може да послужат во иднина.
Украина е „вистинска борбена лабораторија“, велат аналитичарите.
Според Си-Ен-Ен, војната им даде на Вашингтон и неговите сојузници „можност да проучат како функционираат нивните сопствени системи на оружје при интензивна употреба“ и каква муниција користат двете страни за да претендирфаат на победа.
Покрај тоа, американската војска следеше колку успешно Русија ги користела своите евтини беспилотни летала за повеќекратна употреба.
„Украина е „апсолутно лабораторија за оружје во секоја смисла, бидејќи тоа никогаш не било користено во војна меѓу две индустриски развиени земји“, изјави за Си-Ен-Ен извор запознаен со западните разузнавачки служби.
Според него, украинската криза е „неверојатна извор на податоци“ за американското Министерство за одбрана за тоа колку се корисни неговите сопствени системи, а западните воени претставници ќе ги проучуваат овие податоци со години, вели аналитичарот.






