Kинескиот претседател Си Џинпинг предупреди за ризик од втор бран инфекции во земјата бидејќи глобалната пандемија продолжува да се шири, јави државната новинска агенција Хсинхуа.
Си ги повика кинеските власти да внимаваат на увезените случаи на заразени со вирусот од странство и да спречат повторна појава на епидемијата дома, објави Ксинхуа.
На состанокот на највисокото извршно тело на кинеската комунистичка партија во средата, Постојаниот комитет на Политбирото, Си рече дека во услови на притисок врз глобалната економија, „нестабилните и неизвесните фактори“ се зголемуваат.
Коронавирусот во Кина е под контрола, со неколку нови локално пренесени инфекции или смртни случаи објавени во последните неколку недели.
Вчера, епицентарот и главното жариште на коронавирусот, Вухан, официјално излезе од изолација.





