Си Џинпинг останува лидер на Кина

Кинеската комунистичка партија (КПК) на Конгресот денеска ги одобри амандманите на нејзиниот устав со цел да се зацврсти статусот на Си Џинпинг и водечката улога на неговата политичка мисла во партијата, информира Ројтерс.



Партијата, исто така, требаше да го избере својот Централен комитет, кој во недела ќе го избере елитниот Постојан комитет на Политбирото, при што се очекува 69-годишниот Си да обезбеди трет лидерски мандат.

Третиот петгодишен лидерски мандат ќе го зацврсти местото на Кси како најмоќен владетел во Кина од Мао Це Тунг, основачот на Народна Република.

Со амандманите на уставот на партијата, се назначува Си како „основен“ лидер на партијата и се опишуваат неговите идеи како водечки принципи за идниот развој на Кина.