Кинескиот лидер Си Џинпинг планира да разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски за прв пат од почетокот на војната во Украина, пишува Wall Street Journal.
Тоа ќе се случи по неговата посета на Москва, најверојатно следната недела, каде што ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.
Состаноците со Путин и Зеленски, од кои вториот се очекува да се одржи виртуелно, ги одразуваат напорите на Пекинг да игра поактивна улога во посредувањето за ставање крај на војната во Украина, велат извори запознаени со ова прашање, пишува изданието..
Разговор со Зеленски, доколку се одржи, ќе означи значаен чекор во напорите на Пекинг да ја игра улогата на миротворец во Украина, на што досега се гледаше со скептицизам во Европа.
Тоа, исто така, ќе го зајакне авторитетот на Пекинг како глобален посредник, откако го олесни изненадувачкиот дипломатски пробив меѓу Саудиска Арабија и Иран минатата недела.
Посетата на кинескиот лидер на Москва би можела да се случи веќе следната недела.






