Кинескиот претседател Си Џјинпинг повика на побрз воен развој во вчерашното обраќање на Конгресот на кинеската комунистичка партија што траеше еден час и 45 минути.
„Следните пет години ќе бидат клучни“, објави Си кој најверојатно ќе биде избран за трет мандат на чело на КП Кина, најдолг по владеењето на Мао Це Тунг.
„Народноослободителната армија треба да ги заштити достоинството и клучните интереси на Кина“, рече кинескиот претседател.
Тој посочи дека побргу ќе се работи на модернизација на воената теорија, персонал и оружје, како и дека ќе се подобрат стратешките можности на армијата.
Си обраќањео до конгресот го почлна со зборовите дека Кина нема никогаш да се откаже од обединување на Тајван со „матичната земја“, од која е одвоен од 1948 година и поради кој доаѓа до негативна ескалација на односите со САД.







