Кинескиот претседател го поддржува мирното обединување со Тајван, но истакна дека „никогаш нема да вети дека ќе се откаже од употребата на сила“ на денешниот конгрес на кинеската комунистичка партија на која се учекува да добие трет петгодишен мандат.
Доколку добие уште еден мандат Си ќе ја зацврст позицијата како најмоќен лидер по Мао Це Тунг, пренесе „Гардијан“.
Си Џинпинг го предупреди Тајван дека „тркалата на историјата“ се движат во правец кон тоа Пекинг да ја преземе контролата врз Островот.
Обраќањето на кинескиот претседател пред делегатите, кое траеше скоро два часа, понуди редок, но нетранспарентен поглед на неговите планови и надежи за земјата.
Тој сугерираше дека насоката на Кина под негово водство – карактеризирана со растечка социјална контрола, регионална агресија и ривалство со западот – веројатно ќе продолжи.
Тој рече дека земјата го зголемила своето глобално влијание во последните пет години и предупреди од странско мешање во спорот за Тајван.
Тој не именува ниту една земја, но очигледно мислеше ескалација на тензиите со САД.
Многу Тајванци гледаат мрачна иднина доколку бидат под власт на Пекинг.
Кинеските комунисти долго време сметаат дека Тајван – за кој ККП тврди дека е провинција на Кина – мора да се „повторно обедини“ со копното и тоа е сржта на планот на Си за кинеското „национално подмладување“.







