Кинескиот претседател Си Џинпинг го предупреди својот американски колега Џо Бајден дека нерешавањето на проблемот со Тајван би можело да има разорен ефект на односите меѓу земјите.
„Кинеско-американските односи сè уште не се излезени од кризата што ја создаде претходната американска администрација, а наместо да се подобрат, тие се соочуваат со сè поголеми проблеми. Ако тајванскиот проблем не се реши на вистински начин, тоа ќе има разорен ефект на односите меѓу земјите. Обичните луѓе патат од наметнувањето сеопфатни и неселективни санкции. Долгорочното решение на судирите лежи во меѓусебното почитување на големите сили, во отфрлањето на студеновоениот менталитет“, му рече Си Џинпинг на Бајден во првиот телефонски разговор по пат на видео-конференциска врска по ноември минатата година.
Во врска со руската воена интервенција во Украина, шефот на кинеската држава на својот соговорник му порача дека „САД и НАТО мора да воспостават дијалог со Русија и да ја земат предвид нејзината загриженост за да се позанимаваат со вистинските причини за кризата во Украина“.
Бајден од своја страна му порача на Си Џинпинг дека САД не бараат „нова студена војна“ со Кина“ и оти немаат намера да влезат во судир со неа, ниту настојуваат да ѝ се спротивстават во јакнењето на сојузите, но и го предупреди за „последиците“ ако Пекинг ѝ даде материјална поддршка на руската инвазија на Украина.





