Шверцувал 21 мигрант и се обидел да ѝ избега на полицијата

Утрово во 02.25 часот на регионалниот пат Демир Капија-Неготино, на место викано „Острово“ пред Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово, Полициската станица Неготино и од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода Е.Н.(41) од Велес.



Тој во товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, превезувал 21 мигрант од Сирија.

Тој не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници и се обидел да избега. Набргу бил запрен и лишен од слобода.