Од навивачката група „Шверцери“ велат дека во петокот во објектот влегле организирано и го следеле документарниот филм и доделувањето признаници на еминентни личности од фудбалската живот но и дека организирано излегле од МНТ и дека пред да излезат провериле да не случајно е направена некоја штета, но не приметиле ништо такво.



„Ова е вистината и сите други информации се само во правец на оцрнување на нашата навивачка група и шпекулирање со вистината. Направивме сè да бидеме добри гости на и нашиот театар!“, се вели во нивното соопштение.

Тие негираат дека кршеле, дивееле и дека упатувале навредливи зборови, пренесува РСЕ.