Полицајци раниле две лица, возач и мигрант во обид да спречат криумчарење на крстосница од пат село Кравари – село Оптичари, кај Битола.



Полицајците од станицата Меџитлија утрово околу 6 часот се обиделе да запрат автомобил „порше“ со скопски регистерски таблици под сомнение дека превезува мигранти, но возилото не застанало и се обидело да ги прегази полицајците, па тие испукале неколку истрели.

Набрзо возилото запрело во близина на бензинска пумпа на влез во Битола, а во него бил затекнат возачот, кој се здобил со две прострелни рани во нозете, додека во непосредна близина бил пронајден и еден мигрант со прострелна рана во нога.