Ларс Даниелсон, постојан претставник на Шведска во Европска унија, со комплиментите за Никола Димитров и „неговата земја“ измами преземање на објавата на Твитер од македонскиот министер за надворешни работи.
„Многу интересно излагање од Никола Димитров. Сите ние сакаме неговата земја да продолжи со импресивната реформска работа“, твитна Даниелсон, не прецизирајќи за какви реформски зафати зборува, ниту од кои „сите тие“ се посебно одушевени.





