Шведска е уверена дека Турција ќе ја одобри нејзината апликација за влез во НАТО, но не може да ги исполни сите услови кои Анкара ги постави за нејзина поддршка, изјави во неделата шведскиот премиер.
„Турција потврдуват дека го направивме она што го кажавме дека ќе го направиме, но тие исто така велат дека сакаат работи што не можеме или не сакаме да им ги дадеме“, рече премиерот Улф Кристерсон на конференцијата за одбранбена група во Шведска, пренесе Ројтерс.
Шведска и Финска поднесоа барање за влез во НАТО како одговор на руската инвазија на Украина, но се соочија со противење од Турција, која ги обвинува за поддршка и засолниште на курдските борци и други групи кои Анкара ги смета за терористи.
Од своја страна, Осло и Хелсинки ветија дека нема да ги поддржуваат курдските вооружени групи ПКК и YPG. Тие, исто така, ветија дека нема да ја поддржуваат мрежата на муслиманскиот свештеник Фетула Ѓулен, за која Анкара вели дека стои зад обидот за пуч во 2016 година и која Турција ја означува како терористичка организација со кратенката ФЕТО.
Анкара веќе го изрази своето незадоволство од одлуката на највисокиот суд на Шведска да го запре барањето за екстрадиција на новинар поради наводни врски со мрежата на муслиманскиот свештеник Фетула Ѓулен (ФЕТО) со седиште во САД.






