Две лица се повредени во напад во шведскиот град Вестерас, 90 километри западно од Стокхолм, соопшти денеска локалната полиција.
Според Ројтерс, нападот се случил во трговски центар. Повредените веднаш биле пренесени во болница, а едно лице се здобило со тешки телесни повреди.
Полицијата соопшти дека едно лице е уапсено на лице место. Во полициското соопштение се наведува дека во нападот бил употребен остар предмет и дека нападот е оквалификуван како обид за убиство.
Шведскиот дневен весник Aftonbladet, повикувајќи се на неименувани извори, објави дека жртвите биле избодени со нож.






