Шведска се „премислува“ за членство во НАТО

Шведската владејачка Социјалдемократска партија, најголемата партија во парламентот и која формира единствена, малцинска влада, постојано ги одбива поканите за членство во НАТО, тврдејќи дека военото неврзување добро и служи на земјата.



„Кога Русија ја нападна Украина, безбедносната позиција на Шведска фундаментално се промени“, се вели во соопштението на социјалдемократите.

Исто така, според соопштението, премиерката Магдалена Андерсон и раководството на партијата сепак би можеле да одлучат да аплицираат за членство во НАТО без поддршка од членството „доколку се појави потреба за различна безбедносна политика за време на процесот (ревизија).

Професор по политички науки на Универзитетот во Гетеборг рече дека социјалдемократите се клучот за членството во воената алијанса.

Четири централнодесничарски опозициски партии ја поддржуваат апликацијата за членство во НАТО, а лидерот на петтата рече дека сака неговата партија да го поддржи пристапувањето доколку Финска продолжи.

Москва ги предупреди Шведска и Финска дека не се согласува сонивната напера да се приклучат на Алијансата по информациите дека двете нордијски земји би можеле тоа да го сторат до ова лето, јави Би-Би-Си.