Министерот за внатрешни работи Микаел Дамберг на Шведска се закани дека ќе ги затвори сите кафулиња и ресторани што не се придржуваат до препораките од здравствените власти за социјална дистанца.



„Гледаме загрижувачки извештаи за пренатрупани тераси од кафулиња и ресторани. Дозволете ми да бидам многу јасен. Не сакам да видам пренатрупани тераси од рестораните во Стокхолм или кое било друго место“.

Шведска се одлучи за релативно либерална политика во борба со пандемијата на Ковид-19, па наместо рестриктивни мерки, одлучи кафулињата и рестораните да останат отворени, како и училиштата.