Шведска нема да ги сподели наодите од истрагата за експлозиите на гасоводот Северен тек со руските власти или со Гаспром, изјави шведската премиерка Магдалена Андерсон, цитирана од Ројтерс.



Шведската истрага на местото на оштетените гасоводи „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“ од Русија до Европа, откри докази за детонации, а обвинителите се сомневаат дека е извршена саботажа.

Минатата недела рускиот премиер Михаил Мишустин испрати писмо до шведската влада во кое бара да им се дозволи на руските власти и на Газпром да учествуваат во истрагата.

„Во Шведска, нашите прелиминарни истраги се доверливи, а тоа секако важи и за овој случај“, рече таа.

На 5 октомври, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека е загрижувачко за Русија да не учествува во истрагата за експлозиите на „Северен поток“.

Операторите на двата гасоводи меѓу Русија и Германија посочија дека не можат да ги прегледаат оштетените делови поради ограничувањата наметнати од данските и шведските власти.

Испораките на гасоводите „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“, кои ги поврзуваат Русија и Германија преку Балтичкото Море, беа прекинати минатиот месец, и според Москва, се акт на „меѓународен тероризам“.