Шведска издвои шест милијарди круни (584 милиони евра) за да ги надомести трошоците на оние домаќинства кои се најмногу погодени од скокот на цената на електричната енергија, потврди министерот за финансии Микаел Дамберг.
Средствата се наменети за покривање на високите сметки за електрична енергија за период од три месеци, почнувајќи од декември 2021 година, при што максималниот надоместок по домаќинство е 2.000 круни (194,5 евра) месечно, пренесува Ројтерс.
Според шведската влада, парите ќе ги добијат најмалку 1,8 милиони домаќинства.
„Ова се вонредни мерки за вонредна ситуација“, рече Дамберг.







