Шведска повеќе нема да биде земја отворена за дојденци, бегалци и економски мигранти.



Според желбите на шведските демократи, бројот на баратели на азил што ќе ги прими Шведска како дел од распределбата во рамките на Европската унија ќе се намали на 900 годишно, а нивните права ќе се спуштат на минимумот пропишан од ЕУ.

Улф Кристерсон, лидер на Умерената партија, во понеделник ќе стане 35-ти премиер на Шведска. Министрите од демохристијаните и либералите ќе седнат во малцинската влада, но клучните гласови за опстанок на оваа десничарска коалиција во парламентот ги даваат шведските демократи, популистичка, националистичка и исламофобна партија со која никој не сакаше да соработува до пред само неколку години.

Шведска не само што се сврте надесно, туку под рачната сопирачка со полна брзина, со вртење од 90 степени, го напушти повеќедеценискиот претежно социјалдемократски правец и се упати во целосно непознати политички води, пишува Индекс.хр.