Шведска и Финска истовремено во мај ќе аплицираат за НАТО

Двете скандинавски држави се подготвуваат да објават истовремено во мај дека сакаат да се приклучат на НАТО, објавија финските и шведските таблоиди.



Руската инвазија на Украина предизвика зголемена јавна поддршка за пристапување во Алијансата.

Финскиот весник „Илталехти“ тврди дека лидерите на Финска и Шведска планираат да се сретнат во неделата на 16 мај, а потоа да објават дека ќе аплицираат за влез во НАТО.