Шефицата на шведското обвинителство, Ева-Мари Персон, објави дека истрагата по наводите за сексуален напад од страна на основачот на Викиликс’н Џулијан Асанж е повторно отворена.
Обвинението за сексуален напад беше отворено пред речиси една деценија, но и затворен пред две години додека Џулијан Асанж беше „азилант“ во амбасадата на Еквадор во Лондон.
Во меѓувреме, Асанж веќе беше осуден на 50 недели во затвор заради непочитување на условите за кауција во Велика Британија то ги прекршил во во 2012 година.
Стравувањата за „случајот Асанж“ е дека судење во Шведска го отвора патот за екстрадиција на Асанж во САД.
Асанж,потенцијално, се соочува со смртна казна ако биде осуден за издавање тајни преку „Викиликс“ .




