Швајнштајгер: Внимавајте, Македонците ја добија и Германија

Бастијан Швајнштајгер пред почетокот на дуелот во Палермо објави своја фотографија со наслов „Форца Аѕури“, јасно ставајќи до знаење за кого ќе навива на овој натпревар.



Откако и тој остана шокиран од триумфот на Македонија, поранешниот ас на Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед испрати порака до португалската репрезентација, да не ја потцени македонската национална селекција.

„Изгледа дека не донесов многу среќа. Извини, Италија… Македонија лани исто така ја победи и Германија. Тоа е тежок противник, Португалците треба бидат предупредени“, порача Швајнштајгер.