Швајцарија: Старица со нож уби дете од Косово

75-годишна жена, на смрт прободе 7-годишно дете  кое е  враќало од училште во швајцарскиот град Базел.



Медуми пренесуваат дека  малиот Мегдим. Л. бил по потекло од Љипљан, Косово , од каде се преселиле неговите родители дознава Б92.

Засега необјаснетиот напад  се случил вчера околу пладне и на само 200 метри од училиштето, кога  старицата го прободела детето и заминала оставајќи го на тротоарот.

Во болницата, лекарите се обиделе да го спасат дететот, но не успеале.

Напаѓачот,  која е швајцарски државјанин, сама се пријавила во канцеларијата на јавниот обвинител и признала дека го нападна детето.

Портпаролот на полицијата Питер Гил потврди дека таа користела нож и  дека полицијата бара сведоци за насттанот.

Не е познато дали напаѓачот и убиеното момче претходно се познавале.