Граѓаните на Швајцарија денеска ќе излезат на референдум на кој ќе се изјаснат дали да ге раскине договорот со ЕУ за слободно движење на луѓето, пренесuva Еуроњуз



Поддржувачите на укинување на договорот велат дека тој ќе и овозможи на Швајцарија да ги контролира своите граници и да ги избере имигрантите што сака да ги прими, додека противниците предупредуваат дека таквата здрава економија ќе се втурне во рецесија и ќе ги лиши стотиците илјади швајцарски граѓани од слободата на живеење и работа низ цела Европа.

Референдумот се споредува со кампањата за „брегзит во Велика Британија, што доведе до одлука на државата да го напушти блокот.

Швајцарската Влада ги повика гласачите да речат „не“ за напуштање на договорот на референдум, а министерката за правда Карин Келер Сатер процени дека тоа ќе создаде ситуација „полоша од Брегзит“.

Анкетите предвидуваат дека предлогот нема да биде прифатен, а според едно истражување, 63 отсто од испитаниците се против тој предлог.

Швајцарија одамна одлучи да не влезе во ЕУ, но сака пристап до Европската зона за слободна трговија и сака да соработува со Брисел во области како што се транспортот, животната средина, истражувањето и образованието.