Швајцарија: Од 1 јули, легални истополовите бракови

Истополовите парови ќе можат да стапат во брак во Швајцарија од 1 јули следната година, соопшти денеска владата во средата, прифаќајќи ги резултатите од референдумот одржан во септември , пренесе Ројтерс.



Паровите кои веќе склучиле граѓанско партнерство, дозволено од земјата од 2007 година, нема да мора дополнително да се венчаат.

Швајцарија е една од ретките преостанати земји во Западна Европа каде на хомосексуалците сè уште не им е дозволено да стапуваат во брак.

Промената ќе ги стави истополовите партнери во земјата на еднаква правна основа со хетеросексуалните парови, вклучително и со тоа што ќе им дозволи да посвојуваат деца и да го спонзорираат нивниот партнер за да добијат државјанство.