Швајцарија продолжува да се спротивставува на извозот на оружје во Украина зафатена од војна, изјави претседателот на земјата, Ален Берс.
Неутралната Швајцарија забранува реекспорт на швајцарско оружје во земјите кои се во војна, но за ова се дебатира уште од почетокот на инвазија на Русија на Украина.
„Дискусијата за извоз на оружје, вооружување… додека ја имаме (нашата) правна рамка во Швајцарија, тоа не е можно да се направи“ изјави Берсет за новинарите на маргините на состаноците на ОН посветени на правата на жените.
„За владата и за Федералниот совет, ние мораме и сакаме да ја зачуваме оваа законска рамка и да работиме во неа“, рече тој.
Неговите коментари уследија откако Берлин кон крајот на февруари побара да му се дозволи на германскиот производител на оружје Рајнметал да набави стари швајцарски тенкови Леопард, со гаранции дека нема да бидат префрлени во Украина.
И покрај притисокот од Киев и нејзините сојузници, Швајцарија досега одбиваше да им дозволи на земјите кои поседуваат оружје од швајцарско производство да го иизвезуваат во Украина и досега ги одбиваше експресните барања од Германија, Шпанија и Данска.
Во парламентот се во тек неколку иницијативи за олеснување на правилата за повторен извоз, но одлуката најверојатно ќе дојде по неколку месеци.







