Швајцарскиот национален регулатор на лекови „Свисмедик“ побара повеќе податоци за ефикасноста и квалитетот на Вакцината АстраЗенека пред да ја одобри за употреба.
Швајцарија, која веќе нарача 5,3 милиони дози од вакцината на АстраЗенека, соопшти дека ги чека резултатите од испитувањата во Северна и Јужна Америка, во кои се вклучени десетици илјади луѓе.
Откако ќе ги добиеме резултатите, многу брзо може да се издаде привремено одобрение согласно процедурата за распределба, се вели во соопштението на „Свисмедик“.





