Швајцарија , една од последните западноевропски земји каде хомосексуалните бракови се уште не се дозволени, денеска на референдум одлучува по ова прашање.



Од резултатот на референдумот ќе зависи и дали двојките од ист пол ќе можат да посвојуваат деца.

Доколку референдумот даде „зелено светло“ ќе им се овозможи на истополовите двојки да се венчаат и да посвојуваат деца кои немаат врска со нив.

„Омажените“ лезбејки, исто така, ќе имаат право да имаат деца со помоч на анонимни донаатори, што во моментов е дозволено само за брачни хетеросексуални парови.

Федералната влада и парламентот веќе го одобрија изменетиот закон, потсетува Ројтерс.

Сепак, десничарската Швајцарска народна партија (СВП) повика на референдум за ова прашање.

Според најновото истражување на јавното мислење, има повеќе поддржувачи на истополови бракови, при што 63% од испитаниците се изјасниле дека се „за“.