Швајцарија: Илир Б. од Македонија со нож ја убил сопругата Лујза

Албанец од Македонија ја убил неговата сопруга со нож, а потоа избегал во источна Швајцарија, каде што бил приведен од властите, пренесува косовскиот портал „Газета Експрес“.



По убиството, Илир.б. со себе го земал неговиот мал син – за кого се вели дека бил во станот за време на злосторството. Само кратко време подоцна, сторителот бил уапсен..

Член од семејство на убиецот вели дека парот живеел одделно и дека сопругата не му дозволувала на таткото да го гледа детето, кој, изнајмил стан во близина.

Пријател на жртвата вели дека „Луиза се обидуваше да се спаси од него, зошто беше насилен и ја злоупотребуваше“.

Полицијата во Цирих информираше дека Илир Б. имал судски процес во февруари 2018. година за семејно насилство и за заканување кон неговата сопруга.

Мажот бил уапсен, однесен во јавното обвинителство и конечно добил забрана за физички контакт.