Швајцарците денеска гласаат за забрана за носење бурка

Во Швајцариоја денеска се одржува референдум за забрана за покривање на лицето во јавноста, што може најсилно да ги погоди муслиманските жени во земјата.



Иако швајцарската влада им препорача на гласачите да го одбијат предлогот, анкетите за јавното мислење покажуваат дека мнозинството Швајцарци сепак би можеле да ја поддржат забраната и дека предлогот ќе стане закон.

„Во Швајцарија е традиција да го покажувате своето лице. Тоа е знак за нашите основни слободи “, рече Валтер Вобман, пратеник на СВП и претседател на комитетот за референдум, пренесе Ал Џезира.

Предлогот датира од 2017 година, далеку пред појавата на вирусот корона, кој ги принуди возрасните да носат маски за да спречат ширење на инфекцијата.

Референдумското прашање не го споменува директно исламот, сепак, локалните политичари, медиуми и водачите на кампањите го нарекоа забрана за бурка и никаб.