Штрајкот продолжува: Училиштата и градинките и денеска без деца

Какко што соопшти претседателот на СОНК, штрајкот на просветните работници продолжува и во текот на денешниот ден.



Штрајкот на просветните работници, организиран од Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) е за зголемување на платите во дејностите образование и детска заштита.

На вчерашната прес-конференција, првиот човек на СОНК ја истакна масовноста на штрајкот ширум земјава, но посочи и на одредени притисоци и нерегуларности во градинки во одредени општини, меѓу кои Карпош, Центар, Валандово, Гевгелија.

За притисоците, како што додаде највуваат и кривични пријави оти, како што рече „Апсолутно е неприфатливо и недемократски во 21 век на некого да му се крати правото на слободно изразување на неговото незадоволство“.