Штрајк во Њујорк Тајмс за прв пат по речиси половина век

ПОВЕЌЕ од 1.100 вработени во Њујорк Тајмс и членови на синдикатот денеска ќе престанат со работа на еден ден откако пропаднаа преговорите со издавачот на весникот за „целосен и праведен договор“, соопшти синдикатот.



Излегувањето на вработените од просториите на Њујорк тајмс се случува за прв пат по прекинот на работата доцните 1970-ти.

Штрајкот е дел од растечкото движење на работниците низ Соединетите Држави во кое се вклучени вработени од компании како Amazon, Starbucks и Apple кои се организираат во обид да се спротивстават на, како што велат, нефер работните практики.