Штрајк: Притисок во некои градинки да прифаќаат деца …

Во градинките денеска имало некои случаи каде има притисок да се прифаќаат децата, вели Јаким Неделков, претседател на СОНК според кој, нема можност да се ангажираат дополнителни наставници и воспитувачи.



„Ние рековме дека штрајкувачите ќе бидат во посебна просторија. Одговорноста за прифаќање на учениците односно на децата во градинките ќе биде на директорите.

Не може по секоја цена или со сила да ги приморуваат штрајкувачите да прават тоа што не треба да прават за време на штрајкот, додаде Неделков.

Тој во студио 10 на ТВ 24 изјави утрово и дека штарјкувачите се во просториите за штрајк…

На терен некои од учениците кои утрово отидоа на училиште мораа да се вратат, а поголемиот дел од родителите одлучиле да не ги пуштаат децата во училиште. Фактор