Вработените во Управата за водење матични книги, кои штрајкуваат од 12 април, ќе добијат 40% пониски плати.
Ова било причина штрајкувачкиот одбор да го радикализира штрајкот, односно да го зголеми обемот на истиот и да ги опфати активностите поврзани со склучувањето бракови во и надвор од службените простории, дознава Вечер.мк .
„Со оглед на тоа дека вработените се заканиле дека уште викендов ќе престанат да склучуваат бракови, дали тоа значи дека оние кои планираат да се венчаат викендов ќе останат немажени и неженети“ – прашува порталот.
За радикализацијата на штрајкот, наводно, во голема мера придонела и наредбата од директорот со која на штрајкувачите им се забранува влез во деловните простории, со цел да не се попречувал работниот процес за оние работници кои не учествувале во штрајкот, како и фактот дека на казнетите, а кои ги има повеќе од 200, со 40 % помала плата јавно им е објавен матичниот број, што е уште едно кршење на законот за заштита на лични податоци.
Инаку, вработените во Управата за водење матични книги бараат потпишување колективен договор, линеарно зголемување на платите за 30 отсто и подобрување на условите за работа.







