Што значи мафијашкиот жаргон за Заев и Рашковски на црната листа на САД

Зошто официјален Вашингтон користи мафијашки жаргон за Заев и Рашковски во најновото издание црната листа на САД, е прашањето кое е од пресудна важност за владеачката СДСМ.



Во документот на Министерството за фимансии на САД со кој се опишува ставањето на црногорецот Миодраг Давидовиќ Дака на црна листа се споменуваат и екс лидерот на СДСМ Зоран Заев и екс генералниот секретар на владата Драги Рашковски како соработници на Дака.

Во документот кој е неофицијална најава дека и Заев и Рашковски може да му се придружат на Дака на црната листа на САД за екс генералниот секретар на владата се користи мафијашки жаргон.

,,Миодраг „Дака“ Давидовиќ (Давидовиќ) со децении перел пари за криминални синдикати, зајакнувајќи го своето влијание и вршејќи го својот криминален потфат на шверц со цигари, нафта и оружје во Црна Гора. Неговите коруптивни активности ги овозможија напорите на Русија да ја компромитира независноста на демократските институции и судството во земјата, вклучително и нејзините напори да влијае на изборните резултати. Тој беше вмешан и во скандалот што доведе до апсење на генералниот секретар на Владата на Северна Македонија, Драги Рашковски, главен поручник на поранешниот премиер на С. Македонија, Зоран Заев. Рашковски наводно примил поткуп од Давидовиќ за да има средба со премиерот Заев за да ги унапреди бизнис интересите на Давидовиќ. Од 1991 до 1992 година, Давидовиќ беше министер за трговија во владата на самопрогласениот Српски автономен регион (ДЗР) на БиХ.

Давидовиќ е назначен согласно Е.О. 14033 за одговорност или соучесник во, или директно или индиректно вмешан во, корупција поврзана со Западен Балкан, вклучително и корупција од, во име, или на друг начин поврзан со влада на Западен Балкан, или актуелен или поранешен владин функционер на кое било ниво на власт во Западен Балкан, како што е злоупотреба на јавниот имот, експропријација на приватни средства за лична корист или политички цели или поткуп. Дополнително, Давидовиќ е означен како одговорен или соучесник или директно или индиректно вклучен во акции или политики кои го загрозуваат мирот, безбедноста, стабилноста или територијалниот интегритет на која било област или држава на Западен Балкан”, стои во соопштението од Вашингтон.

Квалификацијата на Рашковски како ,,главен поручник” на Заев означува дека Вашингтон го смета екс лидерот на СДСМ и екс премиер кој неодамна повторно се обедини со актуелниот премиер и претседател на партијата Ковачевски, за мафијашки ентитет.

Фразата ,,Главен поручник на Заев” означува функција во структура на криминална организација и укажува дека Рашковски е еден од најблиските луѓе на водач на мафијашки клан, во случајов Зоран Заев.

Оваа фраза досега не се користела за луѓе кои не се на црната листа на САД или не се осмничени за криминал и таа според упатени дипломати значи дека ваквата квалификација за Рашковски и Заев е најава дека и тие двајцата се ,,печени” да станат дел од црната листа или дека веќе се во фаза на дополнување со нивните имиња на листата која значи забрана за влез во САД и замрзнување на нивни имоти на територија на Америка.

Со споменување на мафијашки квалификации Вашингтон упатува порака и до Заев но и до неговите партиски другари со кои тој пред 6 недели имаше јавно обединување во просториите на СДСМ.

Луѓето со кои Заев тогаш се обедини премиерот Димитар Ковачевски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, генсекот Миле Зечевиќ, Игор Ивановски Шема и другите кои се обединија со Заев се и официјално се соработници на човек за кој Вашингтон смета дека е симбол за мафијашки шеф.

Од владата заега нема реакција за одлуката и квалификациите на Вашингтон за Заев.