Ексфункционерот на СДСМ а сега прв човек на Електростопанство на Македонија (ЕСМ) Васко Ковачевски тврди дека нема да има рестрикции иако ниту има доволно струја од домашно производство ниту цените на светските пазари даваат надеж за дистрибуција на струја без прекини.
Една од небулозите кажани од директорот на ЕСМ Ковачевски на вечерашната емисија Топ Тема на Телма беше при дефинирањето на енергетската криза прогласена од владата.
Според Ковачевски кој директорува со сите главни производители на струја како РЕК Битола кој сега се соочува со хаварии и прекин на работа во блоковите прогласувањето на енергетска криза било во добра смисла затоа што меѓу другото владата ќе помогнела за решавање на кризата.
За двата блока на ТЕЦ Неготино ќе бидат потребни 36 илјади тони мазут кои допрва ќе треба да се набавуваат.
Целата дебата на Телма со Наташа Стојановска на овој линк:






