Стотина поддржувачи на кои им помогнал како пациенти го пречекаа кардиохирургот Жан Митрев по судското рочиште пред Кривичниот суд во Скопје на 12 Мај 2023 година.
На рочиштето се водеше битка дали на одбраната на доктор Митрев да му се дадат 30 денови за подготвување на одбраната откако настанале промени во тимот адвокати.
На агресивниот настап на обвинителството кое во еден момент ги навреди адвокатите и индиректно и судот нарекувајќи ги нивните постапки несериозни, судијката донесе одлука да даде 15 дополнителни денови за подготовка на одбраната на Митрев.
Адвокатите на оштетените кои го тужат Митрев се против собирот на пациентите на лекарот пред судот затоа што сметаат дека тие не треба да се инволвираат во процесот.
Случајот Митрев е интересен и поради обвинението на Јавното обвинителство против Митрев но и поради битката која се води во позадина за тоа кој, на кој начин и за која цена сака да ја купи клиниката Жан Митрев.
Според повеќе извори на информации во позадина на случајот се двајца моќни луѓе од актуелната власт кои имаат свој интерес во урнисувањето на клиниката Жан Митрев и кардиохирургот со цел да се урне цената на клиниката и таа да дојде во владение на други газди.
Во игра за идни газди на клиниката на различни начини се четири компании од Тирана, Софија, Истанбул и Солун.
Во игра пак за идни менаџери се брат на моќен човек на СДСМ и екс министер за здравство.





