Што со министрите на ДУИ по 3 јануари?

Заминувањето на Зоран Заев од премиерската функција на 3 јануари и формирањето на Пржинската влада може да значи и крај на коалицијата меѓу СДСМ и ДУИ, односно техничкиот премиер може да им се заблагодари на министрите од ДУИ за учеството во владата, брифираат од СДСМ за Плусинфо .



Можно е вицепремиерите Садула Дураку и Бујар Османи, како и министрите Крешник Бектеши, Арбр Адеми, Насер Нуредини и Хисен Џемаили  да не бидат дел од пржинската влада.

Премиерот Заев веќе најави дека СДСМ ќе разговара за меѓукоалициските односи со ДУИ откако партијата на Али Ахмети поднесе 5.000 амандмани за измените на Изборниот законик  во делот на промена на изборниот модел.

Плусинфо оценува дека доколку СДСМ предизборно раскрсти со ДУИ, на нивно место би можеле да дојдат кадри од партиите на Мендух Тачи и на Африм Гаши, како дел од владината коалиција.